Марк Хамил: Лук Скајвокер може и да е геј

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Лук Скајвокер може да биде геј доколку гледачот го замисли така. Ова го изјави актерот Марк Хамил, кој го игра култниот Џедај во серијата “Војна на ѕвездите”, цитирана од британските медиуми.4695023

Хамил одговори така на директно прашање на таблоидот “Сан”, цитирајќи фанови кои во сексуалноста на популарниот лик бараат легитимитет за сопствената интимна природа. “Фановите пишуваат и поставуваат такви прашања. “Ме малтретираат во училиште … Срам ми е да си признаам … Можно ли е Лук да е геј?”. Јас би рекол дека е прашање на толкување од страна на гледачот. Ако мислите дека Лук е геј, тој е таков. Тоа не треба да е нешто срамно. Судете го Лук по неговиот карактер, а не по тоа кого сака “, вели Хамил.

“Индипендент” од своја страна потсетува дека настрана слабоста на Лук по неговата сестра Леа во првите филмови од серијалот, сексуалноста на џедајот никогаш не била отворено прикажана. Таков е и случајот со повеќето благородни витези од “Војна на ѕвездите”. Ако Лук биде отворено и директно прикажан како хомосексуалец во претстојните епизоди од серијата, тоа ќе е крах на претпоставките на фановите дека тој е таткото на појавената во последниот филм, клучна хероина Реј.