Марк Закерберг отпушта 11.000 луѓе

од Stefanija Kuzmanovska
227 прегледи

Компанијата Meta, која ги поседува Facebook, Instagram и WhattsApp денеска почна да отпушта работници. Околу 11.000 работници или околу 13 отсто од вкупниот број вработени ќе бидат отпуштени. Ова е најзначајното намалување на работните места во историјата на компанијата.

„Сакам да ја преземам одговорноста за овие одлуки и за тоа како дојдовме овде. Знам дека ова е тешко за сите и особено ми е жал за погодените“, напиша сопственикот и основач на Meta, Марк Закерберг, во писмото до вработените.

Еден ден пред почетокот на отпуштањата, Закерберг се сретнал со директорите за да разговараат за отпуштањата, пишува „Њујорк Тајмс“, цитирајќи две лица кои биле присутни на состанокот.

Еден од тие луѓе за американскиот весник изјавил дека извршниот директор ја презел одговорноста за намалувањето на бројот на вработени, велејќи дека неговата компанија пребрзо се проширила.

Слични содржини