Марк Закерберг со повреди и модринки под очите: Откри што му се случило

од Stefanija Kuzmanovska
436 прегледи

Марк Закерберг се појави на Инстаграм со две модринки на лицето. Ко-основачот и извршен директор на „Мета“, сподели селфи во неделата наутро и откри дека има две нови повреди од тренинзите по џиуџицу.

„Спарингот малку излезе од контрола. Можеби треба да го ажурирам мојот аватар“, напиша тој со расплакано емоџи од смеење.

За потсетување, Закерберг во интервју во август 2022 година рече дека почнал да учи боречки вештини за време на пандемијата на коронавирус и додаде дека спортот му дава налет на енергија.

„ММА е совршена работа. После час или два вежбање, борење со пријателите или тренинзи со различни луѓе, се чувствувам како да сум подготвен да го решам секој проблем на работа“, рече Закерберг во подкастот на Џо Роган.

Милијардерот на подкастот се пофали дека тренер му е Дејв Камарило, кој му помогна да освои сребрен медал на неговиот прв натпревар во џиуџицу во јули.

Камарило на социјалните мрежи објави дека му е „чест“ да му биде тренер на Закерберг.

Слични содржини