Војвотката од Сасекс и сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл „морала да научи да биде црна“ откако се приклучила на кралското семејство, иако „направи малку хаос“ поради тоа, изјави денеска поранешниот претседател на Комисијата за еднаквост и Човекови права (EHRC) Тревор Филипс.
Тој истакна дека нејзината боја на кожа не и била важна и дека таа „никогаш не била дел од нејзиното наследство“, пренесува британски Тајмс.
„Мислам дека луѓето грешат за тоа која е Меган Маркл. Таа самата рече дека, додека не станала принцеза, никогаш не се сметала себеси за особено црна и тоа е разбирливо. Таа порасна во Лос Анџелес, најбројната црна енклава во САД. Одела во приватно римокатоличко училиште и расата, во извесна смисла, никогаш не била дел од нејзиното потекло. Секој кој доаѓа од црно семејство знаеше дека тоа не е нејзина територија“, рече Филипс.