539
Српскиот кошаркар Марко Јариќ беше еден од посетителите на познатиот музички фестивал „Burning Man“ кој секоја година се одржува во Невада, но овој пат љубителите на овој настан доживеаја вистински пекол.
Имено, федералните власти го затворија „Burning Man“ во саботата, откако обилните дождови го уништија местото каде што се одржуваше фестивалот и го претворија во кал.
Поради ова, организаторите мораа да евакуираат повеќе од 73.000 учесници од локацијата во засолниште.
На оние кои беа тргнати на фестивалот овој викенд, федералното биро за управување со земјиштето, кое е домаќин на настанот, им порача да „се свртат и да си одат дома“.
Среде овој хаос Јариќ се огласи на својот Инстаграм профил и ги извести своите следбеници дека е безбеден.