Маркос се враќа на власт на Филипините: „Не судете ме по моите предци“

од Stefanija Kuzmanovska
272 прегледи

По изненадувачката победа на претседателските избори на Филипините, Фердинанд Маркос Јуниор, синот на починатиот филипински претседател Фердинанд Маркос, денеска вети дека ќе биде претседател на сите граѓани.

„Не судете ме по моите предци, туку според моите дела“, порачал Маркос, според неговиот портпарол Вик Родригез, пренесува „Ројтерс“.

Според неофицијално преброените 98 отсто од гласачките ливчиња, Маркос има 31 милион гласови, двојно повеќе од неговиот најблизок ривал, актуелниот потпретседател на Филипините.

Слични содржини