Мароко му врачи отказ на Халихоџиќ три месеци пред Светското првенство

од Vladimir Zorba

Фудбалскиот стручњак од Босна и Херцеговина, Вахид Халихоџиќ повеќе не е селектор на Мароко, потврди Фудбалската федерација на Мароко.

Халихоџиќ доби отказ на само три месеци пред почетокот на Мундијалот, а од Федерацијата соопштија дека одлуката за отказ на Халихоџиќ е донесена поради несогласувања во подготовката на селекцијата за Мундијалот.

Мароко ќе игра во групата Ф во Катар заедно со Хрватска, Белгија и Канада.

Заминувањето на Халихоџиќ ја отвора вратата за враќање на Хаким Зијеч во репрезентацијата. Бошњакот минатата година го исфрли крилниот напаѓач на Челси од тимот на Мароко поради неговата наводна неподготвеност да игра на пријателски натпревар.

На Светското првенство во 2014 година, 69-годишниот Халихоџиќ го предводеше Алжир до осминафиналето, каде по продолженијата беше поразен од идниот шампион Германија.

Слични содржини