Марс може да биде колонизиран за 40 до 100 години

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Марс може да биде колонизирана за 40 до 100 години и за таа цел ќе бидат потребни поголеми лансeрни летала и вселенски бродови, првично за 100, а потоа за 200 лица.5086632

Тоа видување го изрази денеска за време на конгресот на Меѓународната федерација астронавтика во Гвадалахара, Мексико, шефот на американската компанија SpaceX Елон Муск.

“Ние поаѓаме од тоа дека просторот (во вселенскиот брод) за екипажот ќе треба да се зголеми значително”, рече тој, додавајќи дека првата фаза треба да биде постигната можноста за испраќање во вселената на повеќе луѓе одеднаш, за да може на Марс да се превезуваат по 100 и 200 лица.

Инвеститорот и пронаоѓач предлага да се испратат на Црвената планета вселенски бродови кои ќе можат самостојно да се враќаат на Земјата и да се користат постојано, како и да се полнат со нови капсули со товарни и станбени прегради.

Капсулите да се полнат на орбитата на Земјата или на Месечината, за да стане можно надминување на растојанието до Марс.