Марш низ Франција против мерките на Макрон

од Vladimir Zorba
362 прегледи

Илјадници маршираа низ цела Франција денес во знак на протест против плановите на претседателот Емануел Макрон да воведе задолжителна вакцинација на здравствените работници и сертификати за вакцинација при влегување во кафулиња, ресторани и кина.

Макрон најави нови мерки оваа недела со цел земјата да се справи со драстичното зголемување на бројот на новозаразени, додека демонстрантите велат дека мора да се почитува слободата на избор на оние кои не сакаат вакцинација, пренесе Ројтерс.

Новите мерки веќе предизвикаа демонстрации на почетокот на оваа недела, поради што полицијата употреби солзавец за да ги растера насобраните.

Протестите се одржаа во Париз, Марсеј, Лион, Лил и некои други помали центри, а се вклучија демонстранти со „жолти елеци“, кои, според Ројтерс, се обиделе да ги оживеат антивладините протести што се случија за време на „заклучувањето“.

И покрај силата на протестот, агенцијата за стратешко истражување Ipsos-Sopra Steria во петокот објави дека повеќе од 60 проценти од Французите се согласуваат со задолжителната вакцинација на здравствените работници, како и со задолжителните сертификати за вакцинација на некои јавни места.

Слични содржини