Министерството за одбрана на Украина беше мета на жестоки критики откако на Фејсбук објавија фотографии од кадетки кои маршираат со високи потпетици, како дел од подготовките за парадата на Денот на независноста.
Украина ќе прослави 30 години независност следниот месец, па во тек се опсежни подготовки за воената парада.
На парадата ќе учествуваат и кадетки, кои се подготвуваат за маршот во чевли со високи потпетици, наместо вообичаени воени чизми.
Многу корисници на Фејсбук остро го критикуваа Министерството за објавување фотографии, наведувајќи дека ваквите чевли немаат никаква врска со војската и дека станува збор за сексизам.
И политичарите од опозициската партија го критикуваа министерот за одбрана Андрија Таран, кому му подарија високи потпетици.
Како што изјавија, тие испратиле по еден пар и до претседателот на земјата и врховниот воен командат Владимир Зеленски.