„Марш за ангелите“ во Кочани: „Судии со валкани раце народ со скршени соништа“

од Milan1
35 прегледи

Во Кочани денес се оддржа седмиот по ред „Марш за ангелите“. Со слики од трагично загинатите чеда, родителите и блиските, но и голем број други граѓани побараа неселективна правда, за настраданите во дискотеката „Пулс“.

„Ефективен притвор”, „Секој може да е следен”, „Системот убива” „Не чекајте катастрофа-дејствувајте сега”, „Моќта на луѓето е посилна од луѓето што се во моќ“ „Законот е ист за сите… или?”, „судии со валкани раце народ со скршени соништа”, беа дел пораките испишани на транспаренти.

„Нашиот молк е гласот на оние што трагично заминаа во огнот, молк кој зборува повеќе од 1000 зборови, ама нема да трае вечно како вашето судење“, порачаа денеска родителите на загинатите.

Во врска со повикот од Обвинителството да пријават доколку имаат некакви докази, родителите рекоа:

„Ако има други осомничени ќе отидеме, ако не нема што да не влечат по институции, нас никој не не викнал, ниту ни се јавил, тие треба да си истражуваат, а нас не малтретираат два месеци“, велат родителите.

Маршот почна од Паркот на Револуцијата a заврши пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.

Слични содржини