Марш за женски права: Жената не е безбедна ниту дома, ниту на улица, на работа редовно се соочуваат со сексуално вознемирување и мобинг

од Milan1
27 прегледи

Со барање за вредносен систем што ги почитува жените, им овозможува да живеат без страв и им гарантира активна улога во општеството се одржа Маршот за женски права во Скопје. Организиран од Платформата за родова еднаквост по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, маршот оваа година го носеше слоганот „Нека јадат ружи!“.

Организаторите истакнаа дека 8 Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази, туку за феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија.

Тие потсетија дека жената не е безбедна ниту дома, ниту на улица, дека нема повеќе од 20 минути пауза во фабрика, ниту слободен ден во маркет, а споделеното родителско отсуство често не е опција. Воедно, нагласија дека на работа редовно се соочуваат со сексуално вознемирување, мобинг и сексизам.

– Сакаме да ги потсетиме институциите и јавноста дека повеќе нема да ги молиме полицијата и обвинителството да постапуваат навремено, туку будно повикуваме на вистинска заштита и поддршка за жртвите на родово базирано насилство, посочија тие.

Маршот, исто така, повика на вклученост на жените во урбанистичкото планирање, крај на експлоатацијата и работната дискриминација, како и на отворен и еднаков пристап до образование и кариерни можности без репродуцирање на штетни стереотипи и предрасуди.

– Сакаме отворен и еднаков пристап до образование и кариерни можности без репродуцирање на штетни стереотипи и предрасуди, порачаа тие.

Слични содржини