Апаратот на американската вселенска агенција НАСА “Кјуриосити” си направи ново селфи на површината на Марс.
Комуникацијата е поставена на официјалниот Твитер на научната мисија. Овој пат марсоходот се сними со дината Набим во позадината. Селфито е од 57 слики, снимени на 19 јануари од камерата на уредот и испратени на Земјата.
“Кјуриосити” ја усовршило уметноста на селфито на новата слика на Марсовска дина – пишале од НАСА во официјалниот микроблог на агенцијата. Вселенскиот старт на мисијата “Марс научна лабораторија” се одржа на 26 ноември 2011 година. На 6 август 2012 “Кјуриосити” направи меко слетување на површината на Црвената планета.