Марта Стјуарт (81) „фрли око“ на поранешно момче на Ким Кардашијан

од Stefanija Kuzmanovska
406 прегледи

Писателката и деловна жена Марта Стјуарт гостуваше во шоуто на Дру Баримор и откри дали би се забавувала со познатиот комичар и поранешно момче на Ким Кардашијан, Пит Дејвидсон.

Марта Стјуарт, чиј најдобр пријател е раперот Снуп Дог, сега откри дека би се забавувала со 53 години помлад дечко од неа.

Имено, таа гостуваше во емисијата на Дру Баримор „Шоуто на Дру Баримор“, а за време на емисијата учествуваше во играта „Црвено жолто, зелено знаме“ каде водителката и поставуваше прашања на кои Стјуарт мораше да одговори со кревање знамиња: црвено ако одговорот е не, жолта за можеби и зелена за да.

Меѓу прашањата беше и „дали таа би излегла со тетовиран дечко“, дечко кој има тетоважи како Пит Дејвидсон, а Марта Стјуарт го крена зеленото знаме.

На прашањето дали би излегла со Пит Дејвидсон, Марта исто така дала потврден одговор.

„Тој излегуваше со многу жени, но не велам дека тоа е лошо, дури е и добро. Некако ми е сладок“, рече таа.

Слични содржини