647
Славната Марта Стјуарт повторно „крена прашина“ со својата изјава дека одамна престанала да носи долна облека.
Марта Стјуарт, позната по бројни емисии и книги за здрав начин на живот, зборуваше за Page Six и објасни дека исклучиво носи костими за капење под облеката.
„Сакам костими за капење. Сакам да носам костими за капење под облеката во случај да сакам да пливам“, им признала на новинарите, а потоа додала:
„Костимите за капење се мојата долна облека. Не носам ништо од тие структурирани работи. Нема цврста чипка“, навела Марта, која има 82 години.
Минатата година ја красеше насловната страница на магазинот Sports Illustrated, со што стана најстариот модел кој позирал во костим за капење за насловна страница.