Мартија Станојковиќ промовираше нов летен хит

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Прекрасната Мартија, минатогодишната финалистка на регионалното талент шоу „Пинкови ѕвездички”, како и наш претставник на детската Евровизија, денеска ја сподели својата нова песна.

„I Don’t Know Your Name” е новиот сингл на Мартија од Куманово, кој звучи како светски летен хит.

Песната е комплетно дело на Александар Масевски и е отпеана на англиски јазик со многу урбан звук. Мартија го сподели синглот на нејзиниот јутјуб канал, пропратен со текстот на нумерата.

Како звучи, дознајте во видеото.