Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас за ДПА изјави дека верува дека „истрагата“ на новинарите на „Шпигел“ и другите медиуми за инцидентот со опозиционерот Алексеј Навални, чиишто наоди се негирани во Москва, е потврда за она што германските власти веќе го знаат, но дека не се планираат нови санкции во врска со податоците од истрагата.
Според германскиот министер, резултатите не се „ниту нови ниту неочекувани“, а Европската унија воведе казнени мерки „против оние кои се политички одговорни за сериозно кршење на Конвенцијата за хемиско оружје“.
„Фактот дека сега е преработено и што новинарите го поддржаа, го сметаме за потврда … Сепак, врз основа на тоа, нема да има нови последици и санкции кон Русија“, истакнал Мас.
Минатата недела, Навални, со американскиот телевизиски канал Си-Ен-Ен, германскиот магазин Шпигел и порталот Белингет, објави материјал во кој се тврди дека знае имиња на осуммина „офицери на ФСБ“, кои според него, се обиделе да го отрујат неколку пати, но без успех. Навални тврди дека „офицерите на ФСБ“ патувале со него во руските региони, вклучително и наводно Новосибирск и Томск, за кои претходно не знаел.