Масакр на роденден во ЈАР: Двајца напаѓачи ладнокрвно пукале во гости, најмалку осум мртви

од Stefanija Kuzmanovska
125 прегледи

Осум лица загинаа, а тројца се ранети во пукотница што се случила на роденденска забава во јужноафриканската провинција Источен Кејп, соопштија денес полициски претставници.

Инцидентот се случил во неделата доцна попладне по локално време, кога двајца вооружени напаѓачи отвориле оган врз гостите кои се собрале на роденденска забава, соопшти јужноафриканската полициска служба, пренесе Ројтерс.

Како што се наведува, осомничените не се уапсени, а се истражуваат околностите на инцидентот.

Идентитетот на загинатите и повредените сè уште не е утврден, но се сомнева дека, како што соопшти полицијата, меѓу жртвите е и сопственикот на куќата.

„Овие луѓе беа убиени од криминалци и ние нема да мируваме додека не дознаеме што се случило и кој е одговорен за овој бесчувствителен и ладнокрвен напад врз невините жртви“, рече комесарот на јужноафриканската полиција во Кејп, Номтетелели Лилијан Мене.

Слични содржини