Масакр во Атланта: Убиени осум лица во три салони за масажа

од Берта Китинска
356 прегледи

Најмалку осум лица загинаа во масовните пукотници во Атланта и блискиот град во три престрелки што се случија во вторникот, објавија американските медиуми.

Првото пукање, во кое загинаа четири лица и беа ранети две лица, се случи во вторникот попладне во салон за масажа на околу педесет километри од Атланта, најголемиот град во сојузната држава Џорџија, на југоистокот на САД.

Наскоро четири лица беа убиени во уште две пукања во два салони за масажа во Атланта, објави полицијата во тој град.

Според тамошните медиуми, четирите жртви на другите две престрелки се жени со азиско потекло, што го потврдил конзулатот на Јужна Кореја.

Полицијата во Чироки ги повика сведоците преку Фејсбук и објави видео од осомничениот во црн автомобил.

Осомничениот, 21-годишниот Роберт Арон Лонг, беше уапсен во вторникот вечерта на околу 240 км јужно од Атланта.

„Многу е веројатно дека истиот напаѓач учествувал во сите три напади на салоните за масажа во Атланта во кои уби осум лица“, изјави портпаролот на полицијата во Атланта.

Слични содржини