Масакр во Етиопија: Најмалку 260 цивили убиени во вооружен напад

од Stefanija Kuzmanovska
212 прегледи

Најмалку 260 цивили се убиени во напад на вооружени мажи во западниот етиопски регион Оромија, објави „Ројтерс“, цитирајќи двајца локални жители денеска.

Еден од жителите, кој вели дека учествувал во закопувањето на телата во масовни гробници, рече дека се убиени 260 цивили, додека друг рече дека се убиени 320.

Регионалниот портпарол на Оромија, Хаилу Адуња и портпаролот на етиопската армија, полковник Генет Адана, не одговориле на барањето за коментар, наведува британската агенција.

Претходно, премиерот Аби Ахмед ги осуди, како што рече, „ужасните дела“ во Оромија, без да даде детали.

„Нападите врз невини цивили и уништувањето на средствата за живот од нелегални и нерегуларни сили се неприфатливи“, напиша Ахмед на Твитер.

Слични содржини