50
Пет лица се убиени денеска во Домот за стари и изнемоштени лица на улицата Мажураниќева во Дарувар, Хрватска, јавува mojportal.hr.
Како што неофицијално дознава порталот, маж влегол во Домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето.
Пет лица загинаа на лице место, а на некои им се укажува итна медицинска помош. Убиецот побегнал, но полицијата набрзо го фатила во близина на кафулето Даруварац.
Сирените на сите можни служби за итни случаи се слушаат од секаде во градот во западниот дел на Славонија.