Додека се бори со финансиски предизвици предизвикани од падот на продажбата, Maserati подготвува светска премиера за овогодинешниот Фестивал на брзината во Гудвуд (10-13 јули).
Иако не е официјално потврдено, се очекува да биде еволуција на суперавтомобилот MC20 со среден мотор.
Според најавата, светската премиера е за „нов и автентичен израз на енергија, направен на вистинскиот начин на Maserati“. Производителот на автомобили го додаде следново: „Доаѓа сосема нова равенка за енергија. Поостра форма, иста нефилтрирана душа. Подгответе се – ново поглавје од MC е на прагот да стартува“.
Ова значи дека новината може да биде освежување на моделот MC20 или можеби ново ограничено издание.
Вреди да се потсетиме на веста од јуни дека Maserati поднел барање за заштита на трговска марка за ознаката „MC25“, што звучи како природно продолжение на сегашната шема за именување на нивните суперавтомобили. Тоа изгледа како совршено име за нов автомобил што би можел да дебитира наскоро, пишува Motor1.
Maserati можеби нема ресурси за сосема нов автомобил, но лесно би можел да направи некои значајни подобрувања на MC20 за новата верзија. Значи, со освежен стил, ново име и други подобрувања.
Maserati првично имаше планови и за целосно електричен MC20 Folgore, но извештаите сугерираат дека таа верзија е одложена/откажана поради малата побарувачка во сегментот на електрични возила со високи перформанси.