Maserati воведува 10-годишна гаранција

од Vladimir Zorba

Дали ова ќе отфрли уште еден стереотип, оној за несигурноста на италијанските автомобили?

Тешко, бидејќи тоа е Maserati, бренд чии производи малкумина можат да си ги дозволат, но сепак е важно што е направен првиот чекор. Впрочем, ваквата одлука јасно укажува на подготвеноста на италијанскиот производител за длабоки промени, наведува „Index“.

Не многу брендови се подготвени да понудат десетгодишна гаранција.

Токму така, Maserati реши да понуди додаток на стандардната гаранција од четири или пет години нудејќи услуга на продолжена гаранција и на тој начин да застане покрај брендовите со најдолги гаранции предводени од оние од Кореја и Јапонија.

Тоа е програмата за гаранција Extra10, која ги покрива компонентите на погонот, вклучувајќи го моторот и менувачот. Исто така, во програмата е вклучена и услугата за подигање на автомобилот и негово враќање од сервис на домашна адреса.

Новата гарантна услуга ќе се нуди од 1 октомври на одбрани пазари. Не е познато дали ќе биде достапен на идните електрични модели, вклучувајќи го и електричниот GranTurismo наречен Folgore.

Слични содржини