Машка итрина: Во “лов“ на жени со куче

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Ако сте во кусок на женско внимание, има лесен излез да се издигнете во очите на понежниот пол. Купете си куче!d774c1fa629d3c4e598a9a2e36f726cb

Домашното милениче ја зголемува атрактивноста на мажите, но всушност тие тоа го знаат подобро. Студија во странство потврди дека секој петти го користи своето куче како мамец, објави  “Дејли мејл”.

И мажите и жените се убедени дека е привлечно и убаво човек да се грижи за куче. Анкета меѓу 1210 осамени сопственици на миленичиња требало да провери дали животните се дел од современите стратегии за состаноци и што мислат дамите за тоа. Кај 1/3 се покажало дека кучето игра важна улога во состанувањето, а 22% од мажите ги користат кучињата намерно да привлечат внимание.

Според шефот на тимот, антропологот Питер Греј, за жените е важен односот кон одгледувањето на потомството. Мажите за разлика од нив вложуваат повеќе напори за наоѓање на партнерка.

Научниците од Универзитетот на Невада проверуваа и кое животно дава најголем сексапил. За повеќето жени тоа е куче, со пет пати повеќе поени од мачката. Во овој поглед рептилите, птиците и зајаците не се големи помошници. Речиси половина од жените и четвртина од мажите рекле дека судат за потенцијалниот партнер според тоа како се однесува со животните. Три четвртини од жените и 54 проценти од мажите рекле дека не би излегле со некој кој не сака домашни миленици.