Новиот контрацепцивен производ за мажи во форма на гел, кој ќе се инјектира, може да биде ставен на пазарот до 2018 година, посочуваат американските истражувачи.4748315

Во моментов мажите имаат ограничен избор во однос на контрацепцијата, кој се сведува на кондоми или вазектомијата. Според научниците новиот метод за заштита од несакана бременост ќе биде долготраен и реверзибилен, без потреба од прифаќање на хормони за потиснување на плодноста.

Производот наречен “Васалгел”, дејствува со тоа што го блокира каналот од кој семената течност ги напушта тестисите и влегува во уретрата. Контрацептиви се применува преку инјекција во семепроводите. Според првичните тестови на производот врз зајаци, животните немаат сперма во текот на 29 дена, а средството продолжува да дејствува и во текот на целиот период на студијата, кој траел 12 месеци.

Според податоци на тимот истражувачи од Универзитетот во Илиноис, Чикаго, податоците од тестовите биле подобри од очекуваните, а производот ќе започне да се тестира на луѓе од оваа година. Научниците исто така успешно го отстраниле гелот од зајаците, за да се обнови протокот на спермата.

Според истражувачите “Васалгел” е ефективен, бидејќи е способен да се аплицира на ѕидовите на каналите низ кои спермата поминува и не дозволува премин на поголеми клетки како сперматозоидите.

Слични содржини