Американскиот милијардер Илон Маск денеска изјави дека неговата компанија SpaceX ќе продолжи да обезбедува сателитски телекомуникациски услуги Starlink во Украина, дури и ако Пентагон одбие да ја финансира работата на мрежата во таа земја.
Маск во објава на социјалната мрежа Твитер изјави дека за ова веќе го известил министерот за дигитална трансформација на Украина, Михаило Фјодоров.