АМЕРИКАНСКИОТ милијардер и извршен директор на Tesla, Илон Маск, изјави дека не донирал електричен Cybertruck на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.
„Дали сте сериозно толку ретардирани што мислите дека сум донирал Cybertruck на руски генерал? Неверојатно“, му одговорил Маск на корисникот на X кој тврдел дека милијардерот „дава воени возила на санкционираните непријатели на Америка“.
Are you seriously so retarded that you think I donated a Cybertruck to a Russian general?
That’s amazing 🤣🤣
— Elon Musk (@elonmusk) August 18, 2024
Да потсетиме, Cybertruck на Tesla беше претставен во 2019 година, а пуштен во производство во 2023 година.
Да потсетиме, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави видео на кое седи зад воланот на сајбер камионот Tesla со митралез на покривот.
„Искрено му благодарам на Илон Маск. Тој очигледно е главниот гениј на нашето време, експерт, голем човек“, рече Кадиров, поканувајќи го Маск во Грозни.
„Овој Cybertruck е полн со квалитет и ќе биде испратен во зоната за специјални воени операции“, рече тој во видеото.