Маск до вработените: Вратете се во канцеларија или останувате без работа

од Nikola Popovski
277 прегледи

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, им рекол на своите вработени да се вратат во канцеларија (да престанат да работат од дома) или да ја напуштат работата, објави Ројтерс, врз основа на увид во е-поштата испратена до вработените.

– Сите вработени во Тесла се очекува да поминуваат најмалку 40 часа неделно во канцеларија. Доколку не се појавите, ќе претпоставиме дека сте поднеле оставка, пишува во мејлот.

Два извори од Тесла ја потврдија автентичноста на електронската пошта. Тесла не одговори на прашањата на Ројтерс.

Покрај тоа, еден од следбениците на Маск објави уште еден е-мејл на Твитер во кој Маск барал од шефовите или да работат минимум 40 часа неделно во канцеларија или да ја напуштат Тесла.

Мејлот бил со наслов „Да бидам совршено јасен“. Како одговор на овој твит, Маск напишал: „Треба да се преправаат дека работат на друго место“.

Ројтерс известува дека Маск ја отворил фабриката на Тесла во Фремонт во мај 2020 година, и покрај напорите на целата земја да го намали бројот на пациенти. Во некои фабрики имало и десетици луѓе заразени во исто време.

 

Слични содржини