Маск ги прекина плановите за проширување во Кина

од Stefanija Kuzmanovska
316 прегледи

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ ги суспендираше плановите за купување земјиште во Кина со цел проширување на фабриката во Шангај.

Напуштањето на плановите за претворање на фабриката во глобален извозен центар се должеше на неизвесноста предизвикана од ескалацијата на американско-кинеските тензии, пренесе Ројтерс повикувајќи се на добро упатени извори.

Со оглед на тоа што царините за увоз на електрични возила од Кина се уште се во сила од 25 проценти, покрај постојните давачки наметнати од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, „Тесла“ сега има намера да го ограничи уделот на Кина во глобалното производство, соопштија извори за британската агенција.

Компанијата претходно размислуваше да го зголеми извозот на својот Модел 3, што го произведува во Кина, на повеќе пазари, вклучувајќи ги и САД. „Тесла“ во моментов го испорачува Моделот 3 од кинеско производство во Европа, каде што ја гради својата гига-фабрика во Германија.

Акциите на „Тесла“ паднаа за 5,3 проценти на берзата во Њујорк во вторникот.

Компанијата, сопственост на контроверзниот Елон Маск, продала вкупно 25.845 автомобили од кинеско производство во Кина и странство во април, во споредба со 35.478 во март, додаде Ројтерс.

Слични содржини