Маск го купи Twitter за 44 милијарди долари

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Бордот на директори на Twitter ја одобри продажбата на компанијата на милијардерот Елон Маск за 44 милијарди долари, објави компанијата.

Со овој договор една од највлијателните социјални мрежи во светот целосно доаѓа под контрола на најбогатиот човек на светот, според листата на Форбс.

Извршниот директор на Tesla и SpaceX стана еден од најголемите акционери.

Во последните денови Маск постојано истакнуваше дека неговата цел е да ја зајакне слободата на говорот на платформата и да го „отклучи“ исклучителниот потенцијал на Twitter, потсетува Си-Ен-Ен.

Слични содржини