Маск го навреди Каспаров: Мојот Ајфон подобро игра шах од него

од Nikola Popovski
259 прегледи

Најбогатиот човек на светот Илон Маск го нарече „идиот“ поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров поради неговиот став кон Украина.

„Зошто луѓето седат во удобноста на своите куќи во Силиконската долина и ѝ кажуваат на Украина како да води политика“, рече Каспаров на американската телевизија „Си-Ен-Ен“.

Тој инаку е познат по неговите изјави во корист на Киев.

„Иако Каспаров навистина игра шах речиси како мојот Ајфон, тој е идиот во други работи. Немам ни куќа, а не замок, кретену“, му одговори Маск на Твитер.

На 3 октомври Маск на Твитер ја објави сопствената визија за условите за мир во Украина.

Како прв чекор, тој предложи одржување референдум во регионите ДНР, ЛНР, Запорожје и Херсон под надзор на ОН.

„Ова е морален идиотизам, повторување на пропагандата на Кремљ, предавство на украинската храброст и пожртвуваност“, напиша шахистот.

Маск одговори дека ѝ го дал Старлинк на Украина и притоа изгубил 80 милиони долари во тој процес, а себеси и Спејс Икс ги ставил на сериозен ризик од руски сајбер напад, укажувајќи на неговиот сателитски систем кој ја олеснил комуникацијата за Киев и неговата компанија која нуди и развива патување во вселената.

„Што правеше ти освен што твиташе?“, го прашал милијардерот Каспаров.

Слични содржини