Маск: Го предизвикав Путин на борба за Украина. Ако го затворам Старлинк, Украинците ќе пропаднат

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Илон Маск повторно ја коментираше војната во Украина, тврдејќи дека украинската армија ќе пропадне без неговиот систем Starlink и се заложи за итен прекин на конфликтот.

„Буквално го предизвикав Путин на физичка пресметка еден на еден околу Украина, а мојот систем Старлинк е столбот на украинската војска. Целата нивна линија на фронтот ќе се урне ако го исклучам“, напиша тој на X.

Маск истакна дека е ужаснат од годините на крвопролевање во војна во која Украина на крајот нема да може да победи.

„Она што ме згрозува се годините на масакр во ќор-сокак што Украина неизбежно ќе го изгуби“, рече тој.

Заклучи со пораката дека секој што навистина се грижи, размислува и ја разбира ситуацијата треба да бара крај на војната.

„Секој кој навистина се грижи, навистина мисли и навистина разбира, сака да престане оваа мелница за месо. МИР СЕГА!!

Слични содржини