Маск го прекршил законот за хартии од вредност, доцна го објавил купувањето на Твитер

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Една од жешките теми во денешните изданија на американските медиуми е прашањето – дали Елон Маск повторно го прекршил американскиот закон за хартии од вредност?

Поранешни членови на американската Комисија за хартии од вредност (SEC) и професори велат дека извршниот директор на „Тесла“ го пропуштил рокот за објавување информации дека купил 9,0 отсто од акциите на социјалната мрежа Твитер и дека доставил погрешна документација.

На 4 април, Маск откри дека купил 9,2 отсто од акциите на Твитер, што го прави најголемиот акционер во мрежата за микро-блогирање, што предизвика скок на акциите на компанијата за повеќе од 27 отсто.

Во поднесок објавен на Њујоршката берза, тој навел дека купувањето е извршено на 14 март 2022 година, пренесе Ројтерс.