
Додека еден проект за колонизирање на Марс очекувано пропадна, друга иницијатива за населување на Црвената планета, управувано од основачот на „SpaceX“ – Елон Маск, ужива поголема доверба.
Во блог пост Маск даде надежи на авантуристите дека цената за учество во мисија до Марс ќе биде во рамките на нивните финансиски можности. Според него, билет за Црвената планета (со бесплатно враќање) може да чини помалку од 500.000 долари (во зависност од бројот на учесници).
Нешто повеќе, Маск зборува и за цена дури под 100 000 долари. „Доволно ниска, па повеќето луѓе во развиените економии ќе можат да го продадат својот дом на Земјата и да се преселат на Марс, ако сакаат“, вели Маск на Twitter.
Големото прашање, сепак, е кога ќе стане возможно да се колонизира Марс. И покрај оптимизмот на сонувачите како Маск, многу научници се скептични во врска со изгледите за слетување на Црвената планета во догледна иднина.
Во оваа фаза мисија Марс изгледа исклучително ризичен потфат, предвид убиствената радијација, која ги загрозува животите на астронаутите, суровите услови на Марс и, се разбира, технолошките пречки, кои вселенската индустрија мора да ги надмине.