Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, реагираше на повлекувањето на британскиот весник „Гардијан“ од платформата „X“, наведувајќи дека медиумската компанија е целосно ирелевантна.
„Тие се неважни. Тоа е подла пропагандна машина“, напиша Маск на „X“.
🚨Breaking🚨
The Guardian Newspaper has said it will no longer post on X because it’s a “toxic media platform”.
This tells us, clear as day, that the Guardian is an enemy of free speech and a proponent of partisan ideology over journalistic integrity. https://t.co/9GTTQMusI3
— James Esses (@JamesEsses) November 13, 2024
За потсетување, британскиот весник „Гардијан“ објави дека повеќе нема да објавува свои написи и други прилози на „Х“ (Твитер), кој е во сопственост на најбогатиот човек во светот, Илон Маск, наведувајќи дека станува збор за „токсична медиумска платформа “.
„Ова е нешто за што размислуваме веќе некое време, со оглед на често вознемирувачката содржина промовирана или пронајдена на платформата X, вклучувајќи ги и екстремно десничарските теории на заговор и расизмот“, порачаа од „Гардијан“.
Оттаму тврдат дека за време на кампањата за претседателските избори во Соединетите Американски Држави, Маск успеал да го искористи своето влијание и да го обликува политичкиот дискурс.