Маск има свој фаворит за претседател на САД, не станува збор за Трамп

од Nikola Popovski
194 прегледи

Милијардерот и нов сопственик на Твитер, Илон Маск го искажа својот став за наредните претседателски избори во САД во 2024 година и откри кого би поддржал. Тој не ги крие своите симпатии кон републиканецот Рон Де Сантис, доколку гувернерот на Флорида одлучи да се кандидира.

Претходно овој месец, Де Сантис го победи демократот Чарли Крист со повеќе од 20 отсто во трката за гувернер на Флорида да остане прв човек на државата, додека Ројтерс проценува дека тој станал ѕвезда во подем меѓу републиканците.

Политичките експерти го оценија Де Сантис, кој се сметаше за потенцијален предизвикувач на Доналд Трамп во партијата, кога станува збор за кандидатурата на Републиканската партија за претседателските избори во 2024 година.

Трамп пред 10 дена објави дека повторно ќе се кандидира на изборите во 2024 година.

– Мојата желба за претседателските избори во 2024 година е кандидатот да биде некој разумен и центрист во исто време. Се надевав дека тоа би можело да биде некој од администрацијата на Бајден, но досега бев разочаран – напиша Маск на Твитер.

Запрашан дали ќе го поддржи ДеСантис во 2024 година, Маск одговори потврдно.

– За потсетување, бев голем поддржувач на претседателството Обама-Бајден и (неволно) гласав за Бајден пред Трамп – додал новиот сопственик на Твитер.

Запрашан да коментира за поддршката на Маск, Де Сантис се насмевнал.

-Ја поздравувам поддршката на Афроамериканците, што друго да кажам, кажал Де Сантис, алудирајќи дека Маск, иако е белец, пораснал во Јужна Африка.

Слични содржини