Милијардерот Илон Маск во интервју за Fox News изјавил дека постои заговор против него и компанијата Tesla, чиј извршен директор е тој, пренесe Daily Mail.
Маск, кој исто така е неформален советник на американскиот претседател Доналд Трамп и шеф на Одделот за владина ефикасност (DOGE), рече дека „одредени ликови сакаат да го убијат“ затоа што се обиделе да го „намалат владиниот отпад и измама“.
„Излегува дека луѓето многу се вознемируваат кога ќе им ги одземеш парите што ги добиваат со измама. Тие всушност сакаат да ме убијат бидејќи ја спречувам нивната измама. Тие сакаат да и наштетат на Tesla затоа што го запираме ужасното трошење и корупцијата во владата“, тврди Маск.
Маск навести дека левичарски групи би можеле да стојат зад нападите врз возилата на Tesla и протестите пред дилерите. Слична идеја се залагаат и некои конзервативни пратеници.
„Мислам дека има повисоки сили кои оперираат. Кој го финансира ова и кој го координира? Ова е лудост. Никогаш не сум видел вакво нешто“, рече Маск во интервју за новинарот Шон Ханити.
„Tesla е мирољубива компанија. Никогаш не сме направиле ништо лошо. Никогаш не сум направил ништо штетно, сум правел само продуктивни работи. Затоа мислам дека тука се случува некоја ментална болест“, додава Илон Маск.