Маск ја отвори сезоната за лов на јаглерод диоксид и вети награда од 100 милиони долари

од Nikola Popovski
294 прегледи

Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск оваа недела им понуди награда од 100 милиони долари на пронаоѓачите што ќе смислат начини за борба против климатските промени со отстранување на јаглерод диоксид од атмосферата и океаните.

„Во моментов имаме само една планета“, рекол Маск, сопственик на производителот на автомобили „Тесла“.

„Дури и ако имаме 0,1 процент шанси за катастрофа, зошто да ризикуваме? Тоа е лудо!“.

Маск ја објави наградата од 100 милиони долари уште во јануари, а во четвртокот, Денот на планетата Земја, објавил инструкции за натпреварувањето. Организаторите го нарекуваат на „најголема стимулативна награда во историјата“, и тоа ќе трае четири години, до Денот на планетата Земја во 2025 година.

„Фаќањето“ и складирањето на јаглерод добива сè поголемо внимание од истражувачите во време кога глечерите се топат како резултат на климатските промени, тропските бури се интензивираат и бројот на топлотни удари се зголемува.

Светските земји работат на намалување на емисиите на јаглерод, но научниците истакнуваат дека патот до целта за стапката од нулта емисии до 2050 година,  многу важна улога ќе играат и технологиите за отстранување на јаглерод од атмосферата.

Слични содржини