Маск ја поддржува идејата за поотворени избори за шеф на Европската комисија

од Vladimir Zorba
54 прегледи

Американскиот милијардер Илон Маск се согласи со идејата на кипарскиот европратеник Фидијас Панајоту за потранспарентна процедура за избор на шеф на Европската комисија, чие место сега е Урсула фон дер Лајен. Тој на социјалната мрежа „Х“ го коментираше видеото од парламентарците.

Панајоту предложи да се стави крај на сегашната процедура за избор на шеф на Европската комисија, кога парламентот го одобрува само кандидатот избран од шефовите на земјите-членки на ЕУ.

„Во овој случај, изборите всушност се одвиваат зад затворени врати со разни матни зделки. Само одобрувањето на кандидатот од страна на Европскиот парламент подразбира тајни преговори со најголемите партии додека не постигнат договор“, нагласи Панајоти.

Слични содржини