Маск ќе добие бонус од 23 милијарди долари

од Nikola Popovski
190 прегледи

ЕЛОН МАСК, извршниот директор на Тесла и најбогатиот човек во светот, би требало да добие бонус од 23 милијарди долари откако Тесла објави рекорден квартален профит. Маск, кој веќе има богатство проценето на 249 милијарди долари, треба да го добие споменатиот бонус откако неговата компанија оваа недела достигна рекордна цена на акцијата и рекорден финансиски раст.

Тесла оствари прилагоден профит од 5 милијарди долари со приход од 18,8 милијарди долари во првиот квартал од годината, што претставува зголемување од 81% во однос на истиот период претходната година. Резултатите, во комбинација со растот на цените на акциите на компанијата, значат дека Маск постигнал цели што треба да доведат до исплата на бонуси на акции во вредност од околу 23 милијарди долари.

Купување акции

Маск не зема плата од Тесла. Наместо тоа, добива опции за акции врз основа на реализација на одредена финансиска и пазарна вредност на компанијата. Компанијата потпиша вонреден договор со Маск во 2018 година, според кој ќе и бидат исплатени рекордни 55,8 милијарди долари (40 милијарди фунти) бонуси доколку за една деценија изгради бизнис во компанијата од 650 милијарди долари.

Тоа значи дека Маск, кој не зема плата од Тесла, сега ги има на располагање последните три дела од бонусот од вкупно 12 транши. Секоја транша му дава право на Маск да купи 8,4 милиони акции од компанијата по цена од 70 долари, што е огромен попуст од сегашната цена на акцијата од 977 долари.

Неговиот профит од секоја транша би можел да биде 7,7 милијарди долари, или вкупно 23 милијарди долари. Плаќањата мора да бидат потпишани од раководството и акциите мора да се чуваат пет години пред продажбата.