Маск: Ќе и дадам милијарда долари на Википедија ако го смени името во Дикипедија

од Vladimir Zorba

Елон Маск на Твитер објави дека ќе даде милијарда долари на Википедија доколку го промени името во Дикипедија, а неговата објава ја лајкнаа повеќе од 111 илјади луѓе. Имено, Википедија често бара донации од луѓе ширум светот, бидејќи страницата има тим од волонтери кои помагаат во одржувањето на страницата и преведуваат разни статии на различни јазици за да бидат достапни за секого.

Најбогатиот човек на светот е подготвен на Википедија да и даде чек со многу нули, а за тоа поставил еден услов.

„Ќе им дадам милијарда долари ако го сменат името во Дикипедија“, напиша тој на Твитер.

Објавата дојде откако тој објави скриншот од Википедија од ко-основачот на страницата Џими Велс кој бара донации, што не му се допадна на Маск, кој се запраша зошто страницата секогаш бара пари.

„Дали некогаш сте се запрашале зошто Фондацијата Викимедија сака толку многу пари? Секако не е неопходно да се работи на Википедија. Копија од целиот текст буквално може да се собере во мобилен телефон! Па, за што служат парите? Љубопитните умови сакаат да знаат…“, напиша милијардерот.

Инаку, Саманта Лиен, портпаролката на фондацијата Викимедија, одговори на ова прашање за „Вашингтон пост“.

„Врз основа на упатствата на Одборот на доверители на Фондацијата Викимедија, нашата резерва е еднаква на оперативниот буџет за една година.Доколку постоеле околности кои влијаеле на нашата способност да ги собереме тие средства во тој период, би можеле да дојдеме во итна ситуација, а резервата е безбедносна мрежа за заштита на Википедија од таа можност“.

Значи, во основа, тие секогаш сакаат да го надополнат својот фонд во случај да се појават проблеми, што има смисла финансиски. Со оглед на тоа што Википедија е една од најпопуларните страници на целиот интернет, не би сакале да ја отворите страницата еден ден и да откриете дека е офлајн.

Слични содржини