Маск: Ќе потрошиме над милијарда долари за „Dojo“

од Stefanija Kuzmanovska
347 прегледи

„Tesla“ не штеди пари за да стане играч во секторот суперкомпјутери, а Елон Маск вели дека производителот на електрични автомобили планира да инвестира повеќе од милијарда долари во својот таканаречен проект „Dojo“ до крајот на 2024 година.

Извршниот директор Маск им рекол на инвеститорите дека внатрешниот суперкомпјутер е дизајниран да управува со огромни количини на податоци, вклучително и видеа од автомобилите на „Tesla“, потребни за создавање софтвер за автономно возење, пишува „Bloomberg“.

„Ќе потрошиме повеќе од 1 милијарда долари за „Dojo“ во текот на следната година, рече тој на конференциска врска со аналитичарите.

Откривањето на тој голем трошок се чинеше дека ги исплаши инвеститорите, откако цената на акциите на „Tesla“ падна за повеќе од четири отсто. Захари Кирхорн, главниот финансиски директор на „Tesla“, побрза да појасни дека инвестицијата е поделена на истражување и развој и капитални расходи – и е во согласност со гореспоменатите тригодишни трошоци.

Маск рече дека „Tesla“ има „неверојатна количина“ на видеа на располагање, благодарение на корисниците кои користат софтвер за помош на возачот базиран на камера наречен авто-пилот и поврзаната функција позната како „бета“, која овозможува целосно автономно возење користејќи податоци собрани од функцијата преку 300 милиони милји возење.

Компанијата во своето најново соопштение за заработка соопшти дека започнала со производство на својот „компјутер за обука „Dojo“.

Слични содржини