Маск купи 9,2 отсто од акциите на Twitter

од Vladimir Zorba

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, презема 9,2 отсто од акциите на Twitter, објави денеска Асошиејтед прес. Маск купи околу 73,5 милиони акции.

Твитајќи минатиот месец за слободата на говорот и платформата за социјалните медиуми, Маск отвори прашања за можноста за слободна комуникација на Twitter.

„Слободата на говор е суштинска за функционална демократија. Дали верувате дека Twitter строго се придржува до овој принцип?“, напиша Маск на мрежата.

Во посебен твит, тој сподели дека сериозно размислува да создаде нова платформа за социјални медиуми.

Во март, Маск побара од федералниот судија да ја поништи судската покана на регулаторот за хартии од вредност и да го отфрли судскиот договор од 2018 година, во кој Маск мораше однапред да побара некој да ги одобри неговите објави на Twitter.

Слични содржини