Маск можеби ќе оди „под нож“, неизвесна судбината на борбата со Закерберг

од Nikola Popovski
321 прегледи

Битката меѓу егоцентричните милијардери можеби ќе се одложи. Илон Маск вели дека можеби ќе треба да оди на операција, со што ќе мора да се одложи предложената борба во кафез со Марк Закерберг.

Маск во неделата навечер на својата социјална мрежа Х напиша дека ќе оди на магнетна резонанца на вратот и горниот дел од грбот и подоцна оваа недела ќе знае дали ќе му треба операција пред борбата против Закерберг бидејќи, како пишува „Engadget“, „целата работа воопшто не звучи како обид да се извлечеш со помош на оправдување од доктор“.

 

Оваа операција не само што може да ја одложи борбата, туку најверојатно ќе влијае и на работната ефикасност на Маск во неговите компании, пишува CNBC. Акциите на Tesla паднаа за два отсто во понеделникот, додава CNBC. Маск, да потсетиме, е сопственик и на X и SpaceX.

Датумот на борбата се уште не е одреден. Закерберг предложил на 26 август, но тврди дека Маск не одговорил.

Не очекувам ништо од тоа да се случи, напиша шефот на Мета на Threads.

Претходно Маск објави дека борбата ќе се пренесува во живо на платформата Х, нагласувајќи дека целиот профит ќе оди во фондација за воени ветерани.

Слични содржини