Маск му одговори на бугарски програмер: „Укради го нашето име и лого, веројатно нема да те тужиме“

од Nikola Popovski
326 прегледи

Упорноста понекогаш навистина се исплати – тоа го докажа бугарскиот програмер Љубомир Владимиров.

 

Имено, Владимиров на својот Твитер профил го праша Илон Маск дали може да ги искористи неговиот лик и лого за видео играта што ја развива. Заплетот на видео играта се темели на компанијата Маск SpaceX и планот за колонизација на Марс, каде Маск би бил еден од ликовите.

 

“Почитуван Илон. Јас сум девелопер на видео игри и во моментов работам на една што ги вклучува вас и Спејс Икс. Ако мислите дека е во ред, сè што ми треба е вашата потврда дека можам да ги користам вашето име и логоа. Ќе го објавувам ова една година, секој ден, сè додека не добијам одговор. 154/365 “, напиша Љубомир, обележувајќи ја 154-та објава.

 

По 22 недели, или 154 дена, Маск конечно му одговори.

 

„Можеш да ни го украдеш името / логото и веројатно нема да те тужиме“, напиша тој во свој стил.

 

По ова соопштение од Маск, Владимиров одговори „Добро, тогаш ќе се вратам на работа“, но тој исто така рече дека ќе му плати 80% од профитот доколку видео играта е навистина успешна.