32
Извршниот директор на „Tesla“ и близок советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Илон Маск, рече дека почнувајќи од мај, тој ќе потроши многу помалку време за управување со Одделението за владина ефикасност (DOGE), кое Трамп го создаде за да ги намали федералните трошоци.
Тој додаде дека од мај ќе посвети многу повеќе време на „Tesla“.
Маск, исто така, рече дека клучната работа на „DOGE“ во голема мера е завршена.
„Tesla“ вчера објави полоши резултати од очекуваното за првиот квартал.
На лошите резултати значително влијаеше соработката на Маск со администрацијата на Трамп, пренесува Хина.