Маск најави: Борбата со Закерберг во живо на „Х“

од Nikola Popovski
427 прегледи

Борбата меѓу Закерберг и Маск ќе се пренесува во живо на платформата „Х“, а целиот приход ќе оди во добротворни цели за ветераните, напиша на поранешниот „Твитер“ новиот сопственик на мрежата Илон Маск.

Не е познато што точно сакал да каже Маск со ова. Објавата беше објавена рано наутро во неделата, без да се наведат дополнителни детали. Мета не одговори веднаш на барањата на Ројтерс за коментар.

Нова провокација меѓу двајцата ривалски милијардери се случи откако Маск на крајот на јуни влезе во дебата со шефот на Фејсбук. Потоа ја исмејуваше неговата компанија Мета која се обидува да лансира платформа за „микро-блогирање“ за да му конкурира на Твитер.

„Сигурен сум дека Земјата едвај чека да биде само под палецот на Закерберг без други опции“, напиша Маск тогаш на Твитер и додаде дека е за „борба во кафез“ со сопственикот на Фејсбук, „ако и самиот тој е подготвен за тоа“.

Закерберг му одговори на Инстаграм, пишувајќи: „Испрати ми ја локацијата“.

Слични содржини