Маск најавува облога што ќе спречува гребнатини на каросеријата?!

од Vladimir Zorba
376 прегледи

Испораките Cybertruck на Tesla се очекува да започнат најдоцна во октомври, иако имаше најави дека тоа ќе биде порано. Од електричниот пик-ап се очекува многу, а извршниот директор на Tesla, Илон Маск, неодамна најави нова опција на социјалната мрежа X.

Зборувајќи за цврстината на каросеријата од нерѓосувачки челик, еден обожавател на Tesla се пошегува на X дека луѓето кои ќе се обидат да го изгребат Cybertruck со своите клучеви ќе им ги уништат клучевите. Маск одговори велејќи дека размислува да понуди опционална облога од „волфрам карбид“, која треба да биде отпорна на гребење за речиси сите материјали освен дијамантот, пишува „HAK“.

Интересно, бидејќи телото од нерѓосувачки челик е исто така отпорно на гребење. Облогата од „волфрам карбид“ е цврста, но отпорна само на гребење.

Слични содржини