Маск: Не треба повеќе да го гледате профилот на Канје, го означивме како NSFW

од Vladimir Zorba
34 прегледи

Канје Вест (47) повеќе не е активен на X откако, меѓу другото, објави дека го сака Хитлер, а Илон Маск сега потврди дека јавноста повеќе нема да може да го гледа профилот на раперот. Ова се случи откако Маск го отследи Канје додека неговиот профил беше сè уште активен.

„Со оглед на сè што објави, неговата сметка сега е означена како NSFW (не е безбедна за работа). Не треба повеќе да ја гледате“, сподели Маск на X.

Во својата последна објава, Канје напиша дека ќе си замине: „Се отпишувам од Твитер. Благодарен сум на Илон што ми дозволи да се изразам. Користењето на светот како простор за испуштање на мислите беше како „ayahuasca“ патување. Ги ценам сите што ми дадоа енергија и внимание. Додека не се сретнеме повторно. Добар ден и добра ноќ”.

Во тоа време забележал и дека Маск го отследил, па рекол: „Не знам уште колку ќе бидам тука, Илон ме отследи“.

Патем, во неделата, за време на Суперболот во 2025 година, Вест продолжи да објавува на својот X профил, но другите корисници веќе забележаа дека тој добил предупредување за „чувствителна содржина“. Пораката на неговиот профил гласела: „Внимание: Овој профил може да содржи потенцијално чувствителна содржина“.

Беа поставени дополнителни предупредувања за сите слики и видеа на профилот на Вест. Некои корисници исто така објавија дека не можеле да го најдат неговиот профил преку пребарување на платформата.

Набргу потоа излезе соопштение за затворање на профилот.

Слични содржини