Маск негира продажба на Starlink на Русија

од Stefanija Kuzmanovska
231 прегледи

Елон Маск негираше дека ја продал својата интернет услуга Starlink на Русија, по тврдењата на Украина дека терминалите на американската компанија биле користени од руски војници на фронтот.

„Постојат лажни вести кои велат дека SpaceX ѝ продава терминали на Starlink на Русија. Тоа не е точно“, истакна Маск, кој раководи со SpaceX и неколку други компании, вклучително и Tesla.

„Според нашите сознанија, ниту еден Starlink не е продаден директно или индиректно на Русија“, напиша Маск на социјалната мрежа X.

Москва, исто така, го отфрли тврдењето на Киев дека терминалите на Starlink биле шверцувани во Русија и дека се користат на „систематска“ основа во окупираниот Доњецк.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Starlink не е сертифициран за употреба во Русија.

„Starlink не може официјално да биде испорачан овде и официјално не е доставен овде“, им рече Песков на новинарите.

Слични содржини